Почетна » Блог » Коски, Мускули и Зглобови » Чувајте ги колената здрави!

Чувајте ги колената здрави!

Сподели

Во мода секогаш се високите потпетици, но кога на улица ќе забележиме како некоја млада девојка се напрегнува да оди со нив всушност сфаќаме дека освен што е смешно е и напорно. Ако настрана ги тргнеме изгубената битка со грациозноста и секси чекорот, девојките и нивните најблиски треба сериозно да размислат за понатамошните последици по здравјето.

Специјално истражување на научниците од Харвард ја утврдило врската помеѓу високите потпетици и ризикот од остеоартрит. На жените кои носат ваков тип обувки најчесто им страдаат колената, и тоа претежно во регијата каде се развива овој деформитет. Секојдневната обувка треба да биде удобна и прилепена кон ногата. За одмор и спортување најдобар избор се ортопедските патики или професионалните патики за трчање. Лекарите претежно даваат акцент на колената бидејќи тие ја примаат главната тежина при секое оптоварување.

Современите луѓе со својот начин на живот секојдневно ги подложуваат колената и на други тестови и тоа без да знаат за тоа. Обилна и неизбалансирана исхрана, минимални движења, прекумерна телесна тежина и дебелеење. Кога кон ова ќе се додадат и повредите и долгото употребување на блокаторите против болка (што често се користат кога се лекуваме сами), состојбата станува загрижувачка. Вообичаено болката во колената почнува да се јавува дури пред 35-40 годишна возраст. За да се одолговлечи овој момент, треба да се внимава и да се препознава механизмот на коленото, така кога ќе дојде до првото кликање во зглобот, тоа е сигнал дека ’рскавицата почнува да се оштетува.

Доколку се обратите на ортопед и ревматолог, советот е ист – вежбајте за да ги зајакнете мускулите на бедрата. Тогаш тие ќе бидат во состојба да преземат поголем дел од тежината која паѓа на колената. Многу погрешно, а честа пракса е да се прават силни преоптоварувања и тоа тие да бидат повремени и без загревање.

Вежбајте 30 минути дневно и тоа пешачете, пливајте, возете велосипед, активирајте ја циркулацијата, стимулирајте ја општата подвижност и зацврстете ги мускулите околу колената. Во ’рскавицата нема нерви или крвни садови и таа се храни преку исцедување на соодветните материи во зглобната капсула, а тоа се одвива само додека се движиме. Ако подолго време не се движиме тогаш ’рскавицата не може да се храни. Но, доколку има преоптоварување на зглобовите се троши мембраната за хранење и ’рскавицата повторно е недохранета и почнува зглобот да боли.

Вдлабнатинката е исклучително важна за подвижноста на зглобот на коленото. Сепак, кога ќе се појави болката во коленото во почетокот се приспособуваме кон неа и очекуваме сама да помине, а потоа инстинктивно ги ограничуваме движењата. Како и кај секое друго заболување правилото гласи колку порано се побара медицинска помош, толку побрзо болките ќе исчезнат. 

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт