/Чувствувате дека кожата ви старее? Шест совети за вашиот проблем

Чувствувате дека кожата ви старее? Шест совети за вашиот проблем

Сподели

Природниот процес на стареење на кожата не можеме да го елиминираме, но секако дека можеме да влијаеме на неговото темпо. Пред да почнете да размислувате за скапи третмани и козметики, помислите што можете вие да направите за вашата кожа.

 

Избегнувајте директна изложеност на сонце. И покрај тоа што сите припаднички на понежниот пол уживаат во темниот тен на кожата, сонцето е еден од главните виновници за појава на брчки. Дерматолозите препорачуваат да се става крема за заштитен фактор дури и при минимално изложување на сончевите зраци кога има висок индекс на УВ зрачење. Се смета дека 90% од стареењето на кожата е предизвикано токму од штетново влијание на сонцето.

Одберете ја вистинската крема. При изборот на крема, одберете ја онаа која не содржи многу парфем и состојки кои ја иритираат кожата. Одберете неутрален крем со високо хидратантно својство. На тој начин вашата кожа ќе го добие она што и е потребно. Несоодветните креми ја иритираат, сушат и оштетуваат кожата.

Внимавајте на шеќерот.  Шеќерот и рафинираните јаглехидрати го зголемуваат нивото на инсулин, кој претставува вистинска инфламаторна бомба во телото. Се смета дека инсулинот е причината за појава на воспалителни промени на кожата и телото. Оптималното ниво на шеќер е потребно за млада и здрава кожа, но секоја отстапка од нормалното води до оштетување на кожата. Дајте и го на кожата тоа што и треба – овошје, зеленчук и многу вода.

Чист воздух. Бројни истражувања докажале дека загадениот воздух, издувните гасови од автомобилите и маглата во која се задржани сите штетни честички делуваат негативно на целото здравје вклучувајќи го и изгледот и здравјето на кожата. Искористете го слободното време и отидете на планина во потрага по свеж и чист воздух.

Спијте. Недоволното и неквалитетно спиење ја старее кожата. Ваквиот ефект е зголемен со текот на годините. Хроничното неспиење го зголемува нивото на хормонот на стрес кој пак влијае и во зголемувањето на нивото на инсулинот.  Сè  што ви треба е добар 6-8 часовен сон и вашата кожа ќе ви биде благодарна.

Откажете ги цигарите. Како резултат на пушењето доаѓа до стегање на крвните садови кои ја хранат кожата, а со тоа кожата добива помалку хранливи материи и побрзо старее. Дополнително, како резултат на пушењето (вдишувањето) се јавуваат брчки околу устата.