Почетна » Блог » Кожа » Техники за подмладување

Техники за подмладување

Сподели

Очите се огледало на душата, но убаво негуваното лице и кожа се огледало на здравјето. Секој се воодушевува кога ќе види здраво и негувано лице, посебно ако убавината е природна и без многу шминка. Тоа е и најголемиот сон на секоја жена. Но, загриженоста започнува кога ќе се појават првите симтоми на стареењето – намалување на волуменот на усните, темните кругови околу очите, брчките околу усните, очите и вратот.

Доколку не се обрне внимание и не се интервенира уште при првите знаци на староста, овие делови од лицето почнуваат да се опуштаат и да се појавуваатат бори. Ситните бори и набори особено се изразени на местата каде мимиките највеќе се изразени, особено во пределот на очите и усните.

Стареењето на кожата е нормален процес кој не може да се сопре, но со одредени козметички третмани можеме да си помогнеме кожата да изгледа млада, свежа и витална. Техниките за подмладување кои најчесто се користат се комбинација на повеќе постапки како ботоксот, дермалните филери, eCO2 ласерот, Dermapen и PRP методата за ревитализација на кожата.

Луѓето денеска бараат третмани кои се неинвазивни и безбедни, а резултатите се видливи веднаш, па затоа ова се нашите препораки…

Брчки на челото

Во горната третина на лицето спаѓаат челото и образите кои се поотпорни во процесот на стареење, но првите знаци не го одминуваат и во овој предел. Во почетокот се појавува набор на челото кој со текот на времето станува поизразен, а потоа наборите стануваат се подлабоки и подлабоки, па доведува до постар изглед. Најчесто брчките се јавуваат меѓу веѓите или околу очите.Според правилото во естетските процедури со методот на ботокс се третира горната третина од лицето со што се затегнува челото. Пред апликација се прегледува работата на поедини мускули кои учествуваат во мимиката на лицето и кај оние кои создаваат брчки се вбризгува ботокс со тенка игла.

Ботокс третманот е брз, едноставен третман кој за 10 минути делува на мускулите на лицето. Не ги оштетува мускулите и нервите на лицето и може да се применува подолг временски интервал, а притоа да не даде несакани последици. Освен ботоксот во оваа регија се применуваат и третмани со моќниот еCO2 фракционен ласер. Ги  отстранува на брчките, фини кожни линии и пигментација, го подобрува изгледот на кожата, текстурата, ги затвора проширените пори и влијае на затегнување и зацврстување на кожата. По 48 часа од третманот комплетен е процесот на обновување на површинскиот слој на кожата. Најзначајна карактеристика е тоа што ласерскиот третман зафаќа само 20% од кожата, а останатите 80 % во третираното подрачје останува недопрена. Процесот на заздравување по третманот е многу брз. Овие два третмани може да се комбинираат и со ПРП метода.

Брчки и темно кругови околу очите

Кај секој човек особено битна карактеристика се очите бидејќи преку нив се отсликуваат емоциите. Но со годините се губи еластичноста што доведува до опуштање и промени на капаците и бори околу очите, кои на почеток се ситни и плитки. Освен тоа се собираат и масните ткива па капаците добиваат изглед на „вреќички“. Промените најчесто се појавуваат по 30-та година и даваат чувство на умор. Со време процесот напредува па кај луѓето се предизвикува чувство на незадоволство и загриженост. Незадоволство предизвикуваат и темните кругови околу очите и подочниците кои се резултат на замор, недоволен сон, генетски фактори или пак намалено конзумирање на вода.

Затоа со ботокс третман, примена на еСО2 ласер или PRP (platelet rich plasma) метода можете да изгледате посвежо и помладо. Новата PRP  метода ја ревитализира кожата на природен начин, со примена на сопствена крв. Методата е целосно безбедна бидејќи се користат сопствени механизми за обновување. Овој метод се изведува на тој начин што се зема мала количина на крв која се поставува во посебна епрувета, а потоа крвната плазма се збогатува со тромбоцити и се аплицира на лицето. Со површната апликација се ублажуваат фините линии и брчките, додека со подлабоко инјектирање се намалуваат подлабоките брчки, лузни и стрии.   

Брчки околу устата

Од брчките околу устата, никој не е поштеден, и никој не може да ги избегне. Брчките околку устата настануваат најчесто заради намаленото количество на колаген во кожата, но дополнителна причина може да бидат и честите мимики и смеењето. Во создавањето на брчките околу усните влијаат и некои лоши навики како што е пушењето.

Од брчките во овој дел од лицето можеме да се ослободиме со дермалните филери. Тие претставуваат ткивни пополнувачи за ситни, мали и средно длабоки брчки и го враќаат изгубениот волумен на лицето. Ако со ботокс се третира горната третина од лицето, со филери се препорачливи за употреба во долните две третини од лицето. Постојат многу видови на дермални филери, но најпопуларни се филерите со хијалуронска киселина, која природно се наоѓа во кожата на луѓето. Врзувајќи ги молекулите на вода, производот базиран на хијалуронска киселина го зголемува својот волумен под кожата и со тоа ги израмнува брчките и наборите, се пополнуваат усните и се отстрануваат лузните. Дермалните филери траат од 9 до 18 месеци.

Нега на вратот и деколтето

Голем дел од жените, најмногу посветуваат внимание на негата на лицето, а вратот и деколтето најчесто ги забораваат и не им посветуваат доволно внимание и нега. Но дали знаете дека првите знаци на старост се појавуваат токму на вратот? Истата грижа и нега која ја применувате околу кожата на лицето треба да се применува и за вратот и деколтето. Решение за овој проблем побарајте во комбинација на современите техники на PRP (platelet rich plasma) мезотерапија со Dermapen и еСО2 ласерот.
Dermapen е апарат кој на врвот се наоѓаат додатоци во облик на мали игли со кои се третира кожата. Со оваа оригинална технологија кожата се третира вертикално со  мултипли игли со различна брзина и адаптабилна длабочина, и со можност од 1000 убоди во секунда . Убодите се под агол од 90 степени, што овозможува да се стигне и до непристапните зони на кожата со што оштетување е минимално. Овој револуционен метод  на боцкање е побезбеден  во однос на традиционалниот начини на боцкање со дермаролерот.
Со Dermapen фрагментираните  микро  убоди, се обезбедува сигурност во поттикнување на  колагенската индукција во епидермисот и дермисот преку вродената физиолошка способност на кожата да делува на својата регенерација.

 

Најди доктор Закажи преглед Контакт