БОТОКС И ФИЛЕРИ ЗА ПОДМЛАДЕНА КОЖА СО ПРИРОДЕН СЈАЈ

Ботокс е една од најпопуларните материи во изминатава деценија за естетски процедури. Со неговата примена се постигнува измазнување на брчките и линиите на лицето кои настануваат со текот на годините. Се работи за третман што во пропишаните дози и процедури е сигурен и безбеден за пациентите. Проф. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог, вели дека особена примена ботоксот наоѓа во третманот на брчките на челото, над носот, како и околу очите. Тој ефект се постигнува преку релаксација – олабавување на мускулатурата, која претерано ја затегнува кожата на одредени делови од телото. Ефектите траат подолго време (до 6 месеци), а потоа има потреба од нивно повторување. Ботоксот се употребува многу успешно и во третманот на прекумерното потење, што за многу луѓе во денешно време е голем проблем.

КОГА СЕ КОРИСТИ?

Брчките што настануваат како резултат на изразите, мимиките на лицето и стареењето стануваат сè подлабоки со текот на времето. Во овој случај ботоксот се користи за корекција на брчките меѓу веѓите, над усните и назолабијалните брчки. Но не треба да се заборави и естетската корекција на веѓите, односно нивното подигање. Друг начин на медицинска примена на ботоксот е кај лицата со прекумерно потење.

КАКО СЕ ПРИМЕНУВА?

Ботоксот се аплицира со тенка игла која се нанесува на мускулното место каде што е направена брчката. Инјектирањето на ботоксот не е болна. Но, може да се случи во текот на инјектирањето да се почувствува една блага болка или чувство на пецкање.

КАКОВ ЕФЕКТ ИМА ВРЗ БРЧКИТЕ?

Ботоксот го спречува лачењето на материјата која се лачи од нервните завршетоци, а како резултат на тоа, ја спречува инервацијата помеѓу нервите и мускулите. На тој начин доаѓа до грчење на мускулите и се оневозможува нивната динамика. Токму поради оваа функција лицето изгледа затегнато и мазно. Најдинамичните зони на лицето се: зоната меѓу веѓите, зоната околу очите, зоната над усните и назолабијалната зона. Тие со текот на времето сè повеќе и повеќе стареат и се продлабочуваат. Со инјектирање на ботоксот, се намалува движењето на мускулатурата, со што се намалува и видливоста на стареењето, а брчките не се толку длабоки. Дејството почнува да дејствува од 24 до 48 часа по аплицирањето. Во рок од 5 до 10 дена се достигнува највисокиот степен. Колку време трае дејството? Времетраењето на дејството зависи од возраста на лицето, видот на кожата, регионот во кој се аплицира и брчката. Кај брчките околу очите трае 3 до 4 месеци, додека кај брчките меѓу веѓите трае 4 до 6 месеци. Доколку се повтори инјектирањето, дејството ќе трае подолго.

КОИ СЕ НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА?

Веднаш по инјектирањето можат да се појават мали отоци и црвенило. Поретко можат да се појават мали модринки од инјектирањето. Многу поретко, може да се забележат привремено спуштање на очниот капак и мускулна асиметрија. Ботоксот се аплицира од страна на искусни доктори за да нема ризик од несакани дејства.

ДЕРМАЛНИ ФИЛЕРИ

Во естетските третмани голема примена имаат дермалните филери или пополнувачи на брчките и недостатоците на лицето. Една од најупотребуваните материи за оваа намена е хијалуронската киселина која е природен материјал за човечкиот организам. Хемиските особини и физичките карактеристики ја прават употребата на филерите многу природна. Нивната употреба е особено успешна во делот на браздите околу носот и устата кои успешно ги исполнуваат на подолг рок (до 12 месеци), но и за нагласување на одредени делови од лицето (усни, образи), што е многу присутно во естетската дерматологија денес. За да се постигне максимална удобност на пациентите, третманите се применуваат комбинирани со локални анестетици. Примената на овие естетски процедури значително го подобрува изгледот кај луѓето што ги користат, а за 60% од нив тие се дел од стандардните козметички третмани кои ги применуваат во животот. Клиничката ефикасност, естетиката на лицето и задоволството на пациентите се крајниот резултат од употребата на дермалните филери. Ц

ЦЕНТАР ЗА ПЕРФЕКЦИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Опремен со најмодерна современа медицинска технологија, можност за изведување на секаков вид дерматолошки и естетски процедури од страна на врвен и искусен тим од дерматовенеролози, пластични и реконструктивни хирурзи нуди Центарот за перфекција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Во рамки на Центарот во нови и најмодерно опремени простории распространети на површина од 177 метри квадратни функционира Одделот за дерматовенерологија и естетска дерматологија, кој располага со дерматолошки амбуланти, три соби за ласерски третмани и кабинет за дерматоскопија, а во рамки на центарот е и Одделот за естетска пластична и реконструктивна хирургија. Центарот за перфекција е место каде што пациентите можат да добијат интегриран пристап во дијагнозата и третманот – од хемиски пилинзи, сите видови козметички и процедури против стареење, ласерски процедури, пресадување коса, па сè до хируршки естетски зафати и медицинско-реконструктивни процедури.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!