Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

КОГА И КАКО СЕ ПРИМЕНУВА ЕНДОСКОПИЈА ПРИ ИВФ?

Огромниот успех што го постигна ин витро фертилизацијата во последните неколку декади доведе до тоа асистираната репродукција денес сè повеќе да се препорачува како примарна опција на третман кај многу неплодни двојки. А со тоа често прескокнувајќи ги претходните опции кои кај одредена суппопулација би можеле да донесат успех, меѓу кои и ендоскопијата (хистероскопија и/или лапароскопија). Проф. д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, објаснува дека додека е тоа сосема оправдано при „апсолутни“ индикации (проксимално опструирани јајцеводи, тешки нарушувања на машкиот фактор), мнозинството случаи вреди да се опсервираат и третираат за да им се даде шанса и за природна концепција. Причината е тоа што шансите за успех при еден ИВФ-циклус се и денес околу 40% и со секој следен ИВФ-обид опаѓаат, а и натаму има многу случаи со асоцирана, често нетретирана патологија и претходни ИВФ-неуспеси.

ХИСТЕРОСКОПИЈА

Хистероскопијата е суверена метода за визуализација и третман на патологијата на внатрешноста на матката. „Иако хистеросалпингографијата (ХСГ) и ултразвукот се иницијални методи за проценка на матката и како такви имаат своја рутинска примена кај пациентките со неплодност, на првата ѝ недостасува доволна сензитивност за проценка на внатрематочната патологија, а на обете опцијата за третман, доколку таква се утврди. Тука, пред сè, се мисли на ендометријални полипи, субмукозни миоми и вродени малформации на матката. Ендометријалните полипи се поврзуваат со намалени стапки на забременување (и природно и ИВФ) и зголемени стапки на рана загуба на бременост. Доколку при ултразвучен преглед се посомневаме на полип, хистероскопија е препорачлива за негово отстранување и со тоа подобрување на фертилитетните перформанси. Слично е и за субмукозните (внатрематочни) миоми“ – објаснува проф. Димитров. Преградите или септуми на матката, како вродена патологија, се исто така од особено значење. За нив е докажано дека кај барем 2/3 од бремените пациентки тие се поврзани со компликации. Големите прегради доведуваат до загуба во раната бременост, а малите подоцна и со предвремено раѓање. Практиката покажува дека хистероскопскиот третман на септумите можеби придонесува за полесно забременување (и природно и ИВФ). Хистероскопскиот третман на сите овие состојби изведени во врвна клиника и од страна на искусен докторски тим е релативно лесен и брз, најчесто во краткотрајна интравенска анестезија и еднодневен.

ЛАПАРОСКОПИЈА И НЕПЛОДНОСТ

Кога зборуваме за лапароскопија и неплодност, зборуваме за репродуктивна хирургија во потесна смисла на зборот. Третманот на патологијата на јајцеводите е подрачје каде што лапароскопијата и ИВФ најмногу се испреплетуваат, но тоа не значи дека се спротивставени. „Развојот на обете методи за третман на неплодност придонесе со лапароскопија да можеме со голема сигурност да утврдиме кои патолошки променети јајцеводи може да се репарираат, со цел природно забременување, а кои се неповратно оштетени, за тие пациентки да ги трансферираме на ИВФ-програма. Уште повеќе, вториве можеме лапароскопски да ги подготвиме (со оклузија или вадење на јајцеводите), зголемувајќи ги шансите за успех со ИВФ“ – вели д-р Димитров. Дијагнозата и третманот на ендометриозата при неплодност се уште едно подрачје каде што лапароскопијата и ИВФ имаат комплементарна улога. „Да се оперира ендометриозата или да се оди на ИВФ е едно од најкомплексните прашања при третманот на неплодноста кое зависи од повеќе фактори, пред сè, од постоење на други причини за неплодност, оваријалните резерви, зафатеноста на јајчниците од ендометриозата итн. Доколку нема други причини за неплодност, лапароскопскиот третман на ендометриоза може да ги зголеми шансите за природно забременување. Ако постојат други индикации за ИВФ, се поставува прашањето дали воопшто да се оперира ендометриозата пред ИВФ – одговорот е во индивидуализација на третманот“ – споделува проф. Димитров. Во некои случаи посебни модалитети на лапароскопски третман на ендометриоза пред ИВФ се препорачливи со цел техничко олеснување на ИВФ-постапката. Како и да е, кога се оперира ендометриоза на јајчници, мора да биде исклучително прецизно и не е препорачливо да се оперира повеќе од еднаш поради можното намалување на оваријалните резерви со секоја следна операција.

ВЛИЈАНИЕТО НА МИОМИТЕ ВРЗ НЕПЛОДНОСТА

Конечно, влијанието на миомите врз неплодноста е сè уште тема за дебата, па така и нивниот лапароскопски третман. Лапароскопско отстранување на миоми се предлага кога се исполнети критериумите за неплодност и кога локацијата, големината на миомите и дисторзијата на шуплината на матката од нив сугерираат намалени шанси за концепција и зголемени шанси за компликации во текот на бременоста. Предноста на ендоскопијата, наспроти класичната хирургија од аспект на минимална инвазивност, поголема прецизност и побрзо закрепнување се одамна познати и прифатени, како од докторите така и од пациентите. Хистероскопија и лапароскопија се комплементарни методи со ИВФ во третманот на неплодноста. Во едни случаи, ендоскопскиот третман ги зголемува шансите за природно забременување, а во други придонесува и за успешен исход од ИВФ кога претходниот ендоскопски третман само кратко ја одложува ИВФ-постапката. Индивидуалното советување со специјалист за асистирана репродукција за редоследот, адекватната и навремена примена на овие методи е есенцијално за да се максимизираат шансите за остварување на саканата цел.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!