Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

Како да останете имун на сезонските настинки

Едни од најчестите причинители на настинката, риновирусите, ги има во повеќе од 150 видови, па затоа и не можеме да ги одбегнеме или да станеме имуни на нив. Во овој период најчувствителни се децата, кои во овој период настинуваат многу почесто. Според последните истражувања, најдобра превенција од сезонските настинки е миењето раце, добриот сон и позитивните мисли. 

Едни од најчестите причинители на настинката, риновирусите, ги има во повеќе од 150 видови, па затоа и не можеме да ги одбегнеме или да станеме имуни на нив. Во овој период најчувствителни се децата, кои во овој период настинуваат многу почесто. Според последните истражувања, најдобра превенција од сезонските настинки е миењето раце, добриот сон и позитивните мисли. 

 

Како да ја избегнеме настинката

Иако сè уште не се знае како да ги избегнеме вирусите, сепак, имаме доста информации во однос на тоа како се шират вирусите и како да го спречиме нивното пренесување. Кашлањето и кивањето се најлесниот начин преку кој може да се префрли вирус од едно на друго лице. Други начини на пренос се преку допирање контаминиран предмет и површина, ракување и сл. Доколку вашите раце се заразени со риновирус и ги допрете очите или носот, најлесно можете да го внесете вирусот во телото бидејќи вирусите најлесно навлегуваат во организмот преку слузокожата на носот и очите.

Вирусите можат да останат живи на површините и повеќе од 24 часа

Одредени типови риновируси можат да останат живи и повеќе од 24 часа на предмети и површини како што се квака на врата, далечинскиот управувач за телевизор, клима, платежни картички и сл. Исто така, лесно се пренесуваат од површината на раката при контакт со контаминираната површина. Така заразените раце несвесно ги доближуваме до носот или очите и вирусот навлегува во нашето тело.

Често миење на рацете е најдобра превенција!

Со оглед на лесната преносливост на риновирусите, најдобриот начин за превенција е честото миење раце. На тој начин ги уништувате вирусите кои завршиле на вашите раце.

Подобрете го имунитетот со добар сон и позитивни мисли

Бројни истражувањата го поврзуваат сонот и отпорноста кон вирусите. Шансите да бидете поотпорни на вируси се зголемуваат и до трипати повеќе доколку имате квалитетен сон и одмор. Истражувачите на оваа тема дошле до заклучок дека и позитивните мисли имаат улога во подобрување на имунитетот и отпорноста. Позитивните, среќни и исполнети луѓе имаат поголема можност за борба против сезонските настинки за разлика од луѓето, кои се анксиозни и депресивни.

 

 

 

 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!