ТРИ СИМПТОМИ КОИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ТРЕБА ДА ПРЕЗЕМЕМЕ НЕШТО ЗА СВОЕТО ЗДРАВЈЕ

Посветеноста на здравјето ја прават сите работи што свесно ги правиме за нашето ментално, емоционално или физичко здравје. Но како да знаеме дека се грижиме онолку колку што треба? Според експертите, постојат неколку знаци што ни покажуваат дека не се грижиме доволно за своето здравје.

Често се разболувате

Кога не се грижиме за себе на вистинскиот начин, тоа се одразува врз нашето здравје. Недостатокот на сон и лошата исхрана може да доведат до ослабен имунитет, што нè прави подложни на инфекции, настинки, грип и други здравствени проблеми поврзани со имунолошкиот систем.

Раздразливост

Што се случува со детето што не го добива вниманието кое го заслужува или бара? Почнува да ги менува расположението и однесувањето за да го привлече вниманието на родителите или околината. Истото тоа се случува и кога не се грижите доволно за своето здравје.

Како што објаснуваат лекарите, недоволната грижа може да доведе до раздразливост кај возрасните. Бесот и раздразливоста се едни од симптомите и доколку често доживуваме промени во расположението, кои не се тесно поврзани со работите што ни се случуваат, ова може да е предупредувачки знак дека треба повеќе да се грижиме за себе.

Физички симптоми

Некои непријатни, понекогаш и застрашувачки симптоми може да бидат знак за лоша грижа за себе, велат лекарите. Овие симптоми може да вклучат и вртоглавици, отежнато дишење, болка во градите, забрзан пулс, болки во стомакот, проблеми со видот и несвестица.

Д-р Ивана Јовановска-Христова, специјалист по кардиологија во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, објаснува дека непријатното чувство во организмот е субјективен сигнал кој ни дава до знаење дека нешто ново се случува со нас, а докторите тоа медицински го толкуваат како знак и симптоми за одредено заболување или состојба.

„Правиме иследувања што се неинвазивни и со помош на напредната технологија сликовно го прикажуваме кардиоциркулаторниот систем во реално време и со четиридимензионален приказ. Симптоми на кои треба да обрнеме внимание се: стегање во градите, новопојавен замор, губење здив, неправилна забрзана или забавена срцева работа, варијации во крвниот притисок. Независно дали станува збор за преглед во примарната или секундарната превенција, тоа од нас бара да бидеме темелни и да дојдеме до брзо, навремено и точно решение за здравствениот проблем. Потребна е лабораториска анализа со која се добива прв впечаток за внатрешниот метаболички баланс во организмот, потоа се изработува електрокардиографски запис и се применуваат ултразвучни процедури за јасен приказ на срцето и големите крвни садови. Еден преглед ни ја прикажува големата слика за кардиоциркулаторен систем, но и најмалите детали, кои бараат наше внимание и третман. Индивидуализираниот пристап, грижата и хуманото дејствување се приоритет и цел на нашата секојдневна кардиолошка амбулантска практика, со порака за примарната превенција да биде заеднички успех“ – објаснува д-р Јовановска-Христова од „Аџибадем Систина“.

На Одделот за кардиологија во „Аџибадем Систина“ работи тим на доктори, со долгогодишно искуство, кои нудат дијагностика и најсовремен третман. Тимскиот пристап во дијагностиката и терапијата кај секој пациент гарантира ефикасност и врвен квалитет. Покрај тоа, преглед може да закажете и на Одделот за превентивни прегледи (Check-up), кој нуди специјализирана програма преку прецизни тестови и испитувања, со цел рана дијагноза на болести. Со помош на оваа програма, може да добиете важни информации за состојбата на своето здравје и да откриете дали имате ризик од некои заболувања.  

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!