БОЕЊЕ НА МОЗОЧНИ ТУМОРИ

Боењето мозочни тумори се користи за разграничување на туморот од околното здраво мозочно ткиво во тек на операција. На овој начин, хирургот може јасно да види кој дел треба да се отстрани, а кој да се сочува. Често во тек на операција се јавува дилема за крајната граница на туморот. Без соодветно „пребојување“ на туморското ткиво, неговата граница е многу често речиси и невидлива. Нецелосното отстранување на туморот може да доведе до повторен негов раст. Од друга страна, мозокот е исклучително осетлив орган, па отстранување на здраво ткиво може да доведе до несакани инвалидитети по операција. Сепак, благодарение на новите научни истражувања, најдено е решение за истиот проблем. Во болницата „Аџибадем Систина“ постојат услови за операции на мозочни тумори со флуоресцентно боење. Флуоресцин е средство што навлегува во туморските клетки и под соодветно микроскопско светло ги обележува.

Условите на Oдделот за неврохирургија во „Аџибадем Систина“ дозволуваат во тек на операција максимално да се искористи предноста на флуоресцинот. За оваа намена, болницата е снабдена со најсовремен неврохируршки оперативен микроскоп, кој дава прецизна и детална слика на оперативното поле. Со тоа се овозможува најдетално отстранување на туморската маса. Методата е докажана како значаен придонес во неврохирургијата во светски рамки. Најпрестижните болници во светот ја користат секојдневно. Во „Аџибадем Систина“ се направени бројни операции со користење на флуоресцин со одличен успех. Флуоресцинското боење е максимално безбедно, без никакви посериозни последици.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!