Прва помош при убод од комарец  

Ќе се согласите дека комарците се неизбежно зло во летните ноќи. Посебно е проблематично следното утро кога ќе го видите убодот од комарецот и ќе почнете да се чешате. Црвениот круг кој се јавува на местото на убодот е всушност блага алергиска реакција. Прочитајте неколку брзи и едноставни совети за прва помош при убод од комарец.

Ќе се согласите дека комарците се неизбежно зло во летните ноќи. Посебно е проблематично следното утро кога ќе го видите убодот од комарецот и ќе почнете да се чешате. Црвениот круг кој се јавува на местото на убодот е всушност блага алергиска реакција. Прочитајте неколку брзи и едноставни совети за прва помош при убод од комарец.

 

Зелен чај

Прво нешто кое може да го ставите на убодот е антихистаминска крема. Доколку немате, тогаш дозволете природата да се погрижи за вашиот проблем. Натопете во вода кесичка зелен чај и ставете ја на местото на убодот. Може да помогне и бања со овесна купка.

Мед

Медот има антибактериско дејство, па теоретски тоа би можело да помогне да се спречи евентуална инфекција на местото на убодот.

Леплива трака

Ставете леплива трака или завој на местото на убодот. Така ќе спречите чешање кое ја иритира кожата и може да доведе до дополнителна инфекција.

Алое вера

Алое вера има моќно анти-воспалително дејство и ќе ви помогне да се намали чешањето и црвенилото. Подобар ефект има доколку гелот од алое вера претходно го ставите во фрижидер.

Алкохол

Доколку немате ништо од горенаведеното, тогаш уверете се во дејството на алкохолот. Протријте го местото на убодот со алкохол, ќе почувствувате ладење и пецкање кое ќе ве оттргне од чешањето а воедно и ќе направи дезинфекција и заштита од инфицирање.

Ставете „Х“ на местото на убодот

Советот кој сигурно сте го добиле од вашата баба. Со помош на ноктите означете го местото на убодот правејќи ја буквата „Х“.  Притискањето на местото на убодот предизвикува моментална болка која ве одвлекува од чешањето.

Босилек

Босилекот е уште еден во низата на природни лекови за намалување на црвенилото и чувството на чешање. Посебно делува кај децата, па затоа е прв избор за третман на убод од комарец кој мајките го препорачуваат.

 

 

 

 

 

 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!