Клиничката болница „Аџибадем Систина“ континуирано вложува во најсовремена медицинска технологија. Сите оддели во болницата располагаат со апарати за дијагноза и третман кои се последна генерација на медицината. Она што е од големо значење за пациентите е дека покрај современата технологија, во болницата работи и тим на врвни специјалисти со долгогодишно искуство и експертиза. На овој начин, пациентите имаат можност да дојдат до навремена и точна дијагноза, а благодарение на современата технологија снимањата траат кратко време и притоа пациентите не се изложени на дополнителни зрачни дози.
3Д-ПРИКАЗ НА ВАШЕТО СРЦЕ
На Одделот за кардиологија за пациентите е достапна најновата генерација ултразвучен апарат од светскиот производител за медицинска опрема „GE Healthcare“. Благодарение на моќната технологија на ехокардиографскиот апарат GE Vivid E95 R3, се добива јасна слика за работата на срцето и се откриваат болести на кардиоваскуларниот систем во рана фаза. Овој врвен ултразвучен апарат со специјално дизајнираната ултразвучна 4Д сонда, овозможува најпрецизна, детална дијагностика на заболувањата на срцевиот мускул (кардиомиопатии), како и тродимензионална анализа на анатомијата и патофизиологијата на оштетувањето на срцевите залистоци. Овозможено е и волуменско снимање на целото срце во сите пресеци. Можна е реконструкција на срцето во тродимензионален облик, што значајно ја подобрува дијагностиката на заболувањата на срцевите залистоци. Несомнена е користа во проценката на функционалната состојба на срцето.
„Тродимензионалната ехокардиографија во реално време освен што овозможува детална анатомска евалуација на кардиолошката патологија на валвуларните дефекти и кардиомиопатиите, овозможува и прецизно следење на функцијата на заменетите срцеви валвули (биолошки или механички) и рано детектирање на дисфункција или инфекција на имплантираните валвули. Оваа најсовремена технологија овозможува прецизна анализа на движењето на сегментите на ѕидовите на левата комора, со што се постигнува рана детекција на исхемичната болест на срцето, анализа на ремоделирање на левата комора, како и следење на сегментното движење на ѕидовите по имплантација на стент и хируршки бајпас. Несомнено е и значењето на тумори и маси во срцето и срцевата обвивка. Покрај 4Д-технологија, апаратот ни овозможува изработка на левокоморен – глобален лонгитудинален стреин, моќна алатка за детекција на кардиолошките заболувања во најрана фаза и облик, која ги открива и најсуптилните ткивни промени на срцевиот мускул и кај навидум нормална глобална левокоморна систолна функција. Ова има исклучителна важност кај пациенти со воспаление на срцевиот мускул, симптоматски пациенти со прележана ковид-инфекција, како и подготовка и следење на пациенти кои примаат хемотерапија и радиотерапија“, вели д-р Марина Јуруковска, кардиолог.
ЗДРАВА И БЕЗБЕДНА БРЕМЕНОСТ
Редовните скрининзи во бременоста се клучни за следење на растот и развојот на плодот, како и за навремено детектирање на одреден тип аномалии. На Одделот за гинекологија и акушерство, прегледите во бременоста се изведуваат на GE Voluson E10, најмоќниот и најмодерен апарат кој нуди јасен и прецизен приказ на сите структури на плодот. Скринингот на овој апарат се изведува од страна на врвен тим гинеколози акушери со над 20 години искуство. „Ехо-апаратот што го користиме за скрининг во бременоста е најдобриот апарат што го има на пазарот во моментов. Има напредната технологија која ни овозможува јасна слика на сите структури на плодот, со што ни овозможува навреме да се откријат отстапувања во развојот на плодот или појава на одредени аномалии. Апаратот ни овозможува детален скрининг на срцето кој се препорачува да се направи кај секоја трудница, со цел да се избегне евентуално присуство на какво било структурно или функционално нарушување“, вели д-р Павле Димчев, гинеколог акушер.
БРЗА И ПРЕЦИЗНА ДИЈАГНОЗА
Во дијагностичкиот центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ пациентите добиваат брза и точна дијагноза благодарение токму на новите технолошки можности кои ги нудат модерните ултразвучни апарати за дијагностика, но и третман на одредени состојби и болести. На Одделот за дијагностичка и интервентна радиологија достапна е последна генерација на дигитален ултразвук LOGIQ E10 SERIES за радиолошка дијагностика на сите органи со ултрависока резолуција на сликата. „Ултразвучниот апарат LOGIQ E10 SERIES нуди извонредно подобар квалитет на сликата во споредба со претходните генерации, со што на нас дијагностичарите ни овозможува навреме и со голема сигурност да ги откриеме и најсуптилните промени на органите кои се испитуваат.