Што е бај пас операција ?

Бај пас операција преставува премостување на стеснети крвни садови. Поради порастот на кардиоваскуларни заболувања ова е најчесто изведувана интервенција во светот, која на пациентот му обезбедува нормално функционирање во секојдневниот живот.

Бај пас операција преставува премостување на стеснети крвни садови. Поради порастот на кардиоваскуларни заболувања ова е најчесто изведувана интервенција во светот, која на пациентот му обезбедува нормално функционирање во секојдневниот живот.

Болестите на кардиоваскуларниот систем се водечка причина за смртност во светот. Најчести ризик фактори кои доведуваат до оваа болест се пушење, дијабетес, покачен крвен притисок, зголемени вредности на холестерол и триглицериди во крвта, возраста, наследниот фактор … Како последица на ова настанува артериосклероза во крвните садови, процес на наталожување на масни наслаги на ѕидовите на крвните садови , со што се намалува нивната проодност. Кога овие масни наслаги ќе го намалат пресекот на крвните садови под 70 проценти, околните ткива и органи, немаат доволно кислород и хранливи материи и пациентите чувствуваат тегоби. Во вакви случаи една од алтернативите во лекувањето е дилатација на коронарна артерија,ангиопластика на коронарна артерија со или без стент. Доколку оваа процедура не успее и во услови на големи стеснувања на крвните садови се применува коронарен бај пас.
Најчести индикации за бај пас се :
-Критично стеснување на лева главна коронарна артерија
-Критична стеноза на три или повеќе артерии
-Нестабилна ангина која не реагира на другите начини на лекување
-Запушување на стентови или на постоечки бај пас
-Нефункционалност на графтовите вградени после прва операција

Премостување на стеснети крвни садови

Бај пас операцијата овозможува да се решат проблемите со крвотокот, предизвикани од зголемените наслаги (артериосклероза) во коронарните артерии. Со операцијата се зема дел од крвен сад (вена , артерија) од друг дел од телото за да се направи заобиколен пат или бај пас околу блокираниот дел на коронарната артерија. Парчето крвен сад кој се употребува како бај пас и се нарекува графт, најчесто се зема од нозете, рацете и градниот кош. Многу фактори влијаат на функцијата на графтовите. Статистички се покажало дека артерискиот графт (artaria mamaria interna IMA) функционира најдолго. За жал во телото на човекот има две вакви артерии. Друга алтернатива се радијалните артерии од горните екстремитети кои иако се артерии временски траат помалку. Од долните екстремите како графтови се земаат вени. Кај некои пациенти можно е комбинирање со 2 градни артерии (artaria mamaria interna IMA) со кои може да се направат три или повеќе бај паса.Овие пациенти имаат подобра прогноза поради специјалните особини на artaria mamaria interna (IMA).
За време на операцијата срцето се запира, за да може хирургот да работи на него, а пациентот се приклучува на машина за екстракорпорална циркулација која ја презема работата на срцето и белите дробови за време на операцијата. Дел од крвниот сад се прикачува над и под стеснетата артерија. Кога срцето ќе се вклучи повторно, крвотокот се префрлува преку бај пасот околу заобиколувајќи го стеснетиот дел на артеријата.

Минимално инвазивна бај пас операција

За разлика од класичната операција каде се отвора целиот граден кош, со минимално инвазивната операција, бај пас се изведува преку мал рез најчесто на левата страна на градниот кош. Преку истиот рез се мобилизира артеријата од градниот кош која ќе служи како бај пас..

Здравите животни навики го продолжуваат векот на бај пасот

Пациентот треба да знае дека бројот на направени бајпаса не укажуваат на тежината на болеста. Пациент кој добил четири бај паса не е „покритичен“ од пациент со еден бај пас. Тежината на кардиохируршкиот пациент се одредува според состојбата на крвните садови на срцето, работата на левата комора и други придружни болести.
Векот на бајпасот зависи од повеќе фактори. Најважно е да се знае дека хирургот прави премостување на крвните садови но не го спречува развојот на артериосклерозата. Бај пасот е подложен на артериосклероза со темпо од 3-5 проценти годишно. Употреба на артериски бај пас, намалување на ризик факторите, и здравиот начин на живот го продолжуваат векот на бајпасот на срцето. Од големо значење е пациентот после операцијата да води здрав начин на живот а со тоа максимално да го продолжи функционирањето на бајпасот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!