Чекор кон полесно забременување!

sistina

Отсуството на информација за плодниот период во месечниот циклус на жената е причина број еден во неможноста за забременување. Сознанијата за овулацијата и препознавањето на симптомите на овулација ги зголемуваат шансите за бременост кај секоја жена.

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА …

Жената се раѓа со над еден милион незрели јајце клетки во своите јајници. Во периодот на телесен раст и развој голем дел од нив пропаѓаат. Во пубертетот бројот е намален на половина и овие јајце клетки ја очекуваат својата можност за целосно созревање во некој од месечните циклуси на жената во процесот на овулација.

9 најчести прашања за високиот крвен притисок

sistina

Многумина од нас не се свесни дека имаат покачен крвен притисок бидејќи немаат тегоби и никогаш не го измериле крвениот притисок. Голем дел од нив прв пат дознаваат кога ќе се јават последиците како: срцев инфаркт, мозочен удар, откажување на бубрезите и болеста на крвните садови.

Токму од овие причини, одлучивме вашето знаење за високиот крвен притисок да го збогатиме преку одговори на најчестите прашања.

11 Најчести прашања за ин витро фертилизација

sistina

„Таткото“ на првото бебе од епрувета е физиологот Роберт Ердвардс кој за прв пат ја спроведе постапката во 1978 година. Неговата генијалност беше крунисана со Нобелова награда за медицина дури во 2010 година кога во светот со ИВФ веќе беа родени 4 милиони бебиња. Во западниот свет 1-2% од новородените се родени по пат на вонтелесно оплодување и примената на оваа процедура е во постојан пораст.

Дали летото е одмор и од респираторни инфекции?

sistina

Помина зимата и време е да здивнете. Нема повеќе бактерии, вируси, настинки, грипови… Но дали летото е одмор и од респираторни инфекции?

Во летниот период “демнат” бактерии кои предизвикуваат атипични воспаленија на белите дробови. Затоа ви нудиме неколку основни, но корисни информации за Легионела и Мукоплазма пнеумониа!

Сè што треба да знаете за жолтицата кај вашето новороденче

sistina

Дојде долгоочекуваниот миг. Станавте мајка. Додека сè уште се привикнувате на новата улога, доаѓа вашиот доктор и ви вели дека вашето новороденче има жолтица. Немојте да паничите, тоа е нормално. Ви даваме одговор на најчестите прашања за жолтицата кај новороденчето.

Што е жолтица?

Жолтицата кај новороденче е состојба која настанува како резултат на зголемена количина на билирубин во крвта на новороденчето. Билирубинот (соединение со жолта боја) е нормален продукт на разградба на еритроцитите.

Дали моето дете има запек?

Ова е чест проблем кој може тешко да се открие: запек кај бебиња или многу мали деца. Статистиките покажуваат дека до 30 проценти од децата во текот на детството имаат запек.

Симптоми на запек може тешко да се забележат, но еве на што да внимавате:

7 Совети како вашето дете да биде безбедно на висока столица

Дали мислите дека високите столици се безбедени за вашето дете? Алармантно се зголемени повредите кај децата како резултат на пад од висок стол. Најчести се повредите на главата и на лицето како модринки, исеченици и потреси. Две третини од децата се повредиле кога станувале од столот.

Најдобриот начин за вашето дете да биде безбедно е да користите специјални столици наменети за најмалите. Задолжително врзете го со ремени кои се дел од столицата.

5 причини зошто повозрасните лица со срцеви проблеми треба да вежбаат

sistina

Вежбањето е корисно за сите возрасти, особено зa пациентите со срцеви проблеми. Ова се петте главни причини зошто повозрасните лица треба да вежбаат:

1. Оптимизирајте го здравјето на вашето срце

Редовни кардиоваскуларни вежби комбинирани со здрава исхрана помагаат во превенцијата на кардиоваскуларни заболувања. Но, тие можат да помогнат и доколку имате проблеми со срцето. Соодветен кардиоваскуларен тренинг може да ви помогне во подобрување на циркулацијата, регулирање на крвниот притисок и во контрола на дијабетесот.

7 важни правила за вежбање во летниот период

Летото е сезона кога конечно можете да вежбате надвор, но, бидејќи во топло и влажно време сте подложни на повреди, потребен ви е план пред да почнете да вежбате. Следните совети ќе ви помогнат да го направите вашето вежбање удобно и посвежо дури и кога температурите се зголемуваат…

1. Вистинско време

• Најдобро време за вежбање во текот на летото е пред 10 часот претпладне, поради две причини:

• Прво, да се избегне потење во текот на најжешкиот дел од денот – 10:00-14:00 часот.

5 корисни совети за трудници во лето

sistina

Поради високите температури и спарнини, летото за трудниците може да биде многу напорно и стресно. Секако треба да ги потсетиме на неколку корисни совети, кои ќе им помогнат полесно да ги совладаат летните горештини и наглите промени на воздушниот притисок.

1. Облека: Широка удобна облека од природни материјали (памук, лен, свила) во светли бои кои ги одбиваат светлосните зраци. Шапки со широк раб и очила за сонце се добра заштита од УВ зрачење.