Зошто може да развиете астма оваа пролет?

sistina

Пулмоалерголозите предвидуваат нови случаи на астма секоја пролет. Тоа е поради поврзаноста помеѓу алергиите и астмата. Алергиите се чести причина за појавата на астмата.

Во текот на целата година луѓето се соочуваат со тешкотии, од кои некои се предизвикани од вдишувачките алергени.

Не бидете жртви на бронзениот тен

Лекарите се едногласни – солариумите немаат свои добри страни. Според нив, зрачењето во солариум е поопасно дури од сончањето на пладне. Запомнете, солариумите се одговорни за прераното стареење и зголемен ризик од канцер на кожа!

Според едно истражување, во кое биле вклучени 4000 лица, докажано е дека лицата кои почнуваат да користат солариум пред 35-тата година го зголемуваат ризикот од малигнен меланом дури за 75 проценти.

Сè за кожата

Кожата е најголемиот орган на нашето тело и во текот на животот се менува. Всушност вашата кожа се регенерира приближно на секои 27 дена. Потребна е соодветна нега и третман за одржување на здравјето и виталноста на кожата.

Какви се секојдневните потреби на нашата кожа?

Лесно е да ја прескокнете чашата со вода за време на вашите дневни обврски или, пак, да го прескокнете да го исчистите лицето пред спиење. Но, со текот на времето тие ваши лоши навики може да го земат својот данок. Еве што ѝ е неопходно на вашата кожа секој ден:

3 Совети кои ќе ви помогнат во рано откривање на рак

Еве една вистина: доколку рано го откриеме и дијагностицираме карциномот, може да спасиме безброј животи. За пример ќе го земеме карциномот на дебелото црево. На полипите им се потребни повеќе од 10 години да преминат во карцином. Нивното рано дијагностицирање може буквално да го спречи развојот на оваа болест.

На пример, едно истражување направено неодамна истакна дека колоноскопијата може да спречи развој на карцином на дебело црево во околу 40 % од случаите. Но, дури 70% од луѓето над 50 години воопшто не прават колоноскопија.

5 Митови за бременоста и тежината

sistina

Доколку сте бремени, ќе слушнете многу приказни за тоа како да го дознаете полот на бебето до трикови за полесно породување. Но, треба особено да бидете внимателни со митовите околу зголемувањето на телесната тежината и бременоста.

Зошто? Бидејќи одржувањето здрава телесна тежина е важно за намалување на ризици како гестациски дијабетес кој се појавува само во бременоста, проблеми со крвниот притисок, па дури и прерано породување.

Како навреме да ја откриете остеопорозата?

sistina

Остеопороза е заболување на коските кое ја намалува густината и квалитетот на коскеното ткиво. Скелетот на пациентот со остеопороза станува подлежен на скршеници кои може да се случат и при најмала траума или поголемо оптоварување на коските.

Најчесто се случуваат скршеници на пршлените на ‘рбетниот столб , бутната коска или рачниот зглоб. Од овие причини остеопорозата се нарекува „тивок убиец“ или „тивок крадец“ на коскеното ткиво.