Како да се справите со нискиот крвен притисок?
Доколку крвниот притисок отстапува од нормалните вредности (120/75 ммХг), се јавуваат проблеми. Многу често се зборува за високиот крвен притисок. Но, треба да знаете дека ни нискиот притисок не е за потценување. Од него не се умира, но може да влијае врз квалитетот на живот.
Пониските вредности на крвниот притисок без тегоби, ако се постојани, не претставуваат проблем, односно ризик за подоцнежни кардиоваскуларни компликации. Тоа е честа појава на помлада возраст, но и подоцна со возраста, како крвните садови ја губат еластичноста, вредностите на крвниот притисок постепено се покачуваат.