10 совети како да го спречите стареењето на кожата

sistina

Без оглед на тоа колку години имате, битно е да обрнете внимание на својата кожа и никогаш да не дозволите таа да остари пред време. Не е важно дали имате 20, 25, 30 или 40 години, доколку не почнете веднаш да се грижите за вашата кожа, за неколку години ќе зажалите за тоа. Сите знаеме дека е подобро да ја спречите појавата на брчките отколку да ги лечите, но многу жени ги игнорираат советите од дерматолозите и не се грижат навреме за својата кожа.

Чувајте ги колената здрави!

Во мода секогаш се високите потпетици, но кога на улица ќе забележиме како некоја млада девојка се напрегнува да оди со нив всушност сфаќаме дека освен што е смешно е и напорно. Ако настрана ги тргнеме изгубената битка со грациозноста и секси чекорот, девојките и нивните најблиски треба сериозно да размислат за понатамошните последици по здравјето.

Кога да побарате помош од нефролог?

Кога ќе се спомене зборот нефрологија најчестата асоцијација е дијализа. Нефрологијата не е само дијализа, таа е медицинска дисциплина која се занимава со дијагноза и третман на голем број бубрежни заболувања, но и на заболувања кои не потекнуваат од бубрезите, а можат сериозно да им наштетат. Во продолжение ве советуваме кога треба да побарате помош од нефролог.