Терапија со бои – Знаете ли дека боите можат да лекуваат?

sistina

Боите се моќна алатка за постигнување психичка и физичка рамнотежа, но не секој од нас е свесен за тоа. Тие се пријатни за око, а ние ги избираме зависно од нашиот вкус и со нив најмногу се служиме во естетски цели. Но, тоа не е сè што тие можат да ни понудат!

Психолозите советуваат дека на боите може да се гледа како на достапна и вредна алатка за подигнување на нивото на квалитет на живот, но и постигнување на оптимално здравје. Затоа е битно во нашето секојдневие да ја применуваме моќта на боите.

Супа од домати:

sistina

Потребни состојки:

–          1 кг свежи домати
–          1 чешне лук
–          1 лажица брашно
–          1 лавров лист
–          Босилек
–          Сол и бибер

5 прашања и одговори за ХПВ инфекцијата

1. Што е ХПВ инфекција?

Гениталната ХПВ инфекција е полово пренослива болест предизвикана од хуман папилома вирусот. Името се однесува на група вируси со повеќе од 100 типови, од кои повеќе од 30 се полово преносливи. Кај повеќето кои се инфицирани од ХПВ не се јавуваат никакви симптоми, а инфекцијата поминува сама од себе. Типовите на вирусот кои покажуваат сериозни абнормалности на пап тестовите се нарекуваат „типови од висок ризик“. Инфекцијата од овие типови може да доведе до развој на карцином на грлото на матката, вулвата, анусот или пенисот. Другите типови на ХПВ кои обично не предизвикуваат некои посериозни цитолошки нарушувања ги нарекуваме типови од „низок ризик“.

Сѐ што треба да знаете за солзите

sistina

Солзите се корисни. Тие ги отсликуваат сите типови на чувства. Тие ви помагаат да гледате појасно, и ги плакнат вашите очи од нечистотии.

АНАТОМИЈА НА СОЛЗАТА

Солзите ја одржуваат влажноста на вашите очи, ги плакнат од нечистотии и спречуваат инфекции. Солзите за момент можат да ви го заматат погледот, но без нив работите би ги гледале многу позаматено.

Пушење или здравје?

sistina

Најчесто од навика, но и кога се под стрес луѓето пушат со надеж дека цигарата ќе ги смири или опушти. Со текот на времето кај луѓето се создава навика од никотин и едноставно не можат без цигари. И најсилните карактери попуштат пред ова мало задоволство, поради кое страда најбитната работа во животот – нашето здравје! Пушењето во моментов  е водечка смртна закана која покрива дури 25 проценти од вкупниот број на смртни случаи. Оваа лоша навика влијае фатално врз секој орган од човековото тело и предизвикува многу болести. За штетните последици кои ги предизвикува пушењето, но и придобивките кои ќе ги почувствувате доколку се откажете од оваа лоша навика поразговаравме со д-р Жарко Христовски, кардиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Одбројувањето почна

Се ближи денот кога, конечно, по девет месеци за првпат ќе го видитеи прегрнете вашето бебе. Кај некои жени во овој период се јавуваат отоци, раздразливост, умор. Но, набргу ќе дојде денот кога вие ќе станете мајка па сите проблеми во бременоста за вас ќе станат минато.

28. и 29. недела, почнува третиот триместар од бременоста

До последните недели бебето измокрува пола литар урина во плодовата вода и голта речиси исто толку плодова вода секој ден. Можеби звучи лошо, но, бебешката урина е совршено стерилна. Неделно во последниот триместар вашето бебе ќе ја зголемува својата тежина по 200 грама. 

5 прашања и одговори за остеоартритис

1. Што е остеоартритис?

Остеоартритисот претставува заболување при кое доаѓа до оштетување и трошење на ’рскавицата на коленото. Како резултат на ова доаѓа до контакт на коските на зглобот. Преголемото триење може да предизвика и болка, оток, вкочанетост, ограниченост при движењето кај народот познато како формирање шилци.

Воспаление на гласните жици – ларингитис

sistina

Лето е, а гласот ви е „фатен“ и не можете да зборувате. Причина за ова е ларингитисот. Во продолжение ви одговараме на најчестите прашања и одговори за ларингитисот:

Што е ларингитис?

Ларингитисот претставува воспаление на ларингсот ( гркланот, гласните жици). Најчесто се јавува во лесна форма која поминува за една недела. Овој воспалителен процес се карактеризира со зарипнатост, но исто така може да се јави и ларингеална кашлица (која наликува на лаење на куче), отежнато вдишување воздух и пискав звук при вдишување воздух ( т.н. ларингеален стридор).

Копривата – дар од природата

sistina

Копривата е ефикасен лек за прочистување на крвта, но и силен борец против слабокрвноста  и опаѓањето на косата.

Оваа билка е бесплатна супер храна, со исклучително хранлива вредност и одличен извор на  витамините А, Ц, Б, D, K, на минералите калциум, калиум, магнезиум, железо, силициум, сулфур и, се разбира, на хлорофил и ензими. Копривата помага при висок крвен притисок, анемија, алергии, артритис, а исто така и за сите видови кожни заболувања. За да ги искористите нејзините придобивки консумирајте ја свежа, бидејќи ако ја готвите таа губи дел од хранливите вредности.