Дали знаете како да водите сметка за вашето здравје?
Кога здравјето е на наша страна и не чувствуваме никакви здравствени проблеми тогаш и воопшто не размислуваме за здравјето, но штом ќе се појават одредени знаци, тогаш донесувате брзи и драстични одлуки. Сепак, најмудро од сѐ е да делувате превентивно. Грижата за здравјето е доживотна навика, култура и начин на живеење. Се проценува дека дури пола хронични болести можат да се спречат со подобра грижа за сопственото здравје во која било животна доба. За добрите промени никогаш не е доцна, па затоа уште денес донесете неколку здрави одлуки.