Ве мачи несоница?
Вежбањето е важно за здравјето и може да ни го подобри квалитетот на нашиот сон, но, сепак, не треба да вежбате 3-4 часа пред спиење. Температурата на телото се зголемува, работата на срцето се забрзува и телото е полно со енергија. Затоа доколку сакате да вежбате направете го тоа во друг дел од денот.
Седењето пред монитор или телевизор го отежнува сонот. Електронските апарати во лето дополнително го загреваат просторот и го оневозможуваат производството на хормонот мелатонин што го поттикнува сонот.
Полесно ќе заспиете доколку се истуширате со топла вода. Но, доколку се туширате или капете непосредно пред спиењето, тогаш направете го тоа еден час пред да си легнете. Така ќе му дозволите на телото да се излади.
Салата со леблебии и пченка
Потребни состојки:
– 2 ½ шолји зрна од пченка
– 2 лименки леблебии
– 3 шолји чери домати (пресечени на 4 дела)
– 1 исечкана зелена пиперка
– 1 исечкан мал црвен кромид
– 1 исечкана краставица
Причини за појава на карцином на дојка
Причината за појавата на ова заболување сѐ уште не е позната. Докторите велат дека карциномот на дојка се јавува кога некои клетки почнуваат да растат абнормално. Овие клетки се шират многу побрзо од здравите и се акумулираат формирајќи грутка или маса и истите можат да се рашират (метастазираат) низ дојката до лимфните јазли или до другите делови на телото.
Карциномот на дојка најчесто се формира или започнува во клетките кои се сместени во каналите за производство на млеко (инванзивен дуктален карцином). Карциномот на дојка, исто така, може да се формира во жлездените ткива, наречени лобули (инванзивен лобуларен карцином), или во другите клетки во дојката.