Истегнувајте се додека чувствувате дека можете
Земете длабок здив и допрете ги палците на нозете. Истегнувањето е добро за вашето тело и мозок.
Истегнувањето треба да претставува неизбежен дел од вежбањето бидејќи го подобрува спектарот на движења, го намалува ризикот од повреди, го подобрува дотокот на крв до мускулите и го ослободува од напнатоста во мускулите.
Покрај тоа, истегнувањето е одличен начин да направите конекција меѓу телото и мозокот. Постојат неколку начини на истегнување кои постојано треба да ги практикувате.
Протеински пијалак за мажи
Протеините се од суштинско значење за раст, развој и обновување на мускулите. За да бидете силни и спортски активни неопходно е да внесувате доволна количина протеини во текот на денот. Се смета дека на еден килограм телесна тежина неопходно ни е од 1,5 до 3 грама протеин. Совршената протеински богата напивка треба да содржи мешавина од протеини и јаглехидрати. Истата ќе ја добиете ако комбинирате млеко и бананата. Бананата изобилува со калиум, растителни влакна, Б6 витамини и енергија. Во еден литар млеко со масленост 1,5% има околу 37 грама протеини. Ако пиете 2 до 3 литри млеко дневно ќе го задоволите дневните потреби од протеини. Млекото ги содржи и потребните витамини А, Д, Е и минералите кои се неопходни за одржување на цврстината и густината на коските.
Што се хемороиди?
Хемороидите се отечени, проширени вени на аналниот отвор и задниот дел на цревата. Овој здравствен проблем настанува како резултат на зголемениот крвен притисок во крвните садови во карлицата, а се формира слично како проширените вени на нозете.
Храна која помага полесно да се ослободиме од стресот
Стресот стана дел од нашето секојдневие, а разликата е во тоа како ќе се справиме со него. Постојат неколку стратегии за справување со стресот, една од нив е и здравата исхрана.
Храната може да го ублажи стресот на повеќе начини. Лесната храна, од типот на топла овесна каша може да ги поттикне нивоата на серотонин, хемикалија која делува смирувачки врз мозокот. Друга храна, пак, може да ги намали нивоата на кортизол и адреналин, стрес хормони кои со текот на времето можат да се одразат врз организмот.