Простата – Мала жлезда голем проблем
Простата е дел од репродуктивниот систем на мажот и затоа грижата за оваа мала жлезда во форма на костен, сместена под бешиката, чија улога е да лачи бистар „сок“ кој е дел од семената течност при ејакулација, е оправдана. На најчесто поставуваните прашања за проблемот со зголемена простата разговаравме со проф. Д-р Љупчо Лековски, хирург уролог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.