Со правилна нега против црвенилото на лицето
Црвенилото на лицето може да биде непријатно, но тоа не значи дека е проблем што не може да се реши. Првиот чекор кон тоа е дијагнозата од дерматовенеролог која треба да се побара што поскоро штом се почувствува проблемот.
Луѓето на чие лице често се појавува црвенило и се румени не значи дека се премногу срамежливи, тие едноставно имаат проблем со црвенилото на лицето. Појавата на црвенило е многу често и непријатно, карактеристично за луѓето кои имаат тенка и ранлива кожа. За да се спречи навреме овој проблем и полесно да се лекува, тој треба да биде дијагностициран што порано. Што е црвенило на лице и како се лекува разговаравме со д-р Весна Пљакоска, дерматовенеролог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.