Со ботокс против потење
Прекумерното потење, хиперхидроза, е состојба која почнува уште пред пубертетот, а потоа продолжува и се влошува. Ги зафаќа еднакво и мажите и жените. Овој тип на примарна хиперхидроза вообичаено е локализиран, ограничен на одреден дел од телото. Хиперхидрозата иако не е сериозна состојба, знае понекогаш да доведе до анксиозност или депресија, вознемирувајќи ја силно личноста. Освен примарната, постои и секундарна хиперхидроза, која е вообичаен знак на некоја болест.