Колку време да трае вашиот тренинг?
Денес многу луѓе обрнуваат внимание на својот изглед и тело. Сепак, оние кои се обидуваат да оформат и да ги зајакнат мускулите поминуваат часови и часови во вежбалниците. Доколку напорно работите на своето тело, а резултатите се незабележителни, тогаш најверојатно е време да се го намалите темпото. Еве зошто на телото му е потребен одмор и закрепнување по секоја вежба.
Воспалени мускули
Воспалението во мускулите може да биде резултат на три причини: замор, практикување на некоја необична активност и тренирање на само една мускулна група.
Кога е во прашање заморот, мускулите почнуваат да ве болат или за време на самата активност или непосредно по активноста. Доколку почувствувате болка, направете мала пауза или префрлете го напорот на друга мускулна група.
Необичната активност опфаќа поширок поим бидејќи се однесува на сите оние активности кои на вашето тело му делуваат „необично“ бидејќи не сте ги правеле подолг временски период. На пример, практикување на некој спорт по подолго време, но и изведување на некои вежби кои никогаш до сега не сте ги правеле. Воспалението се јавува од 12 до 72 часа по активноста. Дури и врвните спортисти можат да ги воспалат мускулите по интензивни тренинзи.