Календар на вакцини
Со вакцинација детето се заштитува од повеќе опасни детски заболувања. Вакцинацијата го зајакнува имунитетот на детето. Детето кое редовно ќе ги прими сите вакцини ќе стане отпорно на најтешките детски заразни болести. Само со редовна и целосна вакцинација се обезбедува сигурна заштита.
Позитивни ефекти на масажата кај бебињата
Доколку сте се прашувале зошто педијатрите ве советуваат нежно да ги масирате своите бебиња, еве ги одговорите:
• Масажата го намалува стресот кај вашето бебе
• Го зајакнува имунолошкиот систем
• Ги насочува мозочните бранови во позитивна насока
• Го регулира дишењето и циркулацијата