Стресот и депресијата се една од причините за губење на машката потенција
Незадоволството и негативните чувства може да се преселат и во креветот. Овие пациенти земаат и антидепресиви кои, исто, се причина за еректилна дисфункција. Но процесот може да биде и обратен – поради еректилна дисфункција, пациентите да заболат од депресија. Мажите полека почнуваат да зборуваат за проблемот и да бараат решение. Јас, како уролог, ги охрабрувам сите мажи што се соочуваат со еректилна дисфункција да не се срамат и да не го кријат овој проблем, бидејќи за него има решение.
Ласерско отстранување на генитални брадавици
Меките кожни израстоци на гениталните органи кои се предизвикани од вируси се многу чест естетски проблем. Се jавуваат и кај мажите и кај жените и најчесто предизвикуваат чувство на непријатност.
Гениталните брадавици ги предизвикува хуман папилома вирусот (ХПВ), една од најчестите сексуално преносливи болести. Одредени форми на овој вирус предизвикуваат карцином на грлото на матката, анусот и пенисот. Според статистиките, најмалку 50% од сексуално активните мажи и жени ќе добијат ХПВ-инфекција во одреден момент од животот, а со тоа и можност за појава на генитални брадавици. За тоа што се гениталните брадавици, зошто и каде се појавуваат, но и за ласерскиот третман за нивно безболно отстранување разговаравме со лекарите од Одделот за дерматовенерологија на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.