Сакате да јадете обилно навечер?
Неколку начини да се изборите со навиката да јадете доцна навечер!
Нема ништо лошо во тоа да го ублажите гладот во доцните вечерни часови. Но, сепак, доколку честопати ви се случува да ја извадите кутијата сладолед од замрзнувачот или да грицкате чипс, тогаш имате проблем. Овие калории не се согоруваат во текот на ноќта. Доколку секоја вечер внесувате по 200 калории тоа се 1400 калории на ниво на една недела, што претставува дозволен внес во текот на еден цел ден. Калориите се таложат и многу брзо можете да дојдете до ситуација да се борите со вишокот килограми.
Придобивките од краставицата
Освен тоа што сите знаеме дека краставицата е добар диуретик, таа има уште многу позитивни страни. Накратко, еве некои од нив.
- Краставицата ја содржи дневната доза на повеќето витамини и минерали потребни за човековиот организам, од типот на Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, витамин Ц, фолна киселина, калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, калиум.
- Кога ќе осетите замор, во попладневните часови наместо кафе изедете една краставица, таа е одличен извор на Б витамин и глицид, и сигурно ќе ви обезбеди брзо закрепнување во текот на останатиот дел од денот.