Метаболниот синдром го зголемува ризикот за дијабетес и кардиоваскуларни болести
Метаболниот синдром е нарушување на внесот на енергетски материјал (храна) и нејзино складирање во организмот. Основен дефект во тој процес е кога инсулинот не се користи ефикасно, како последица на зголемени масни наслаги во абдоменот. Во почетокот, организмот успева со зголемено лачење инсулин да ги одржува нивоата на шеќерот и мастите во крвта во нормални граници. Но, со тек на времето клетките од панкреасот се исцрпуваат и тоа доведува до зголемување на нивото на шеќер и масти во крвта. Оваа состојба влијае токсично на крвните садови и го забрзува процесот на артериосклероза. Поедноставено кажано, метаболниот синдром претставува група на ризик фактори за појава на дијабетес и кардиоваскуларна болест.