Заштитете ги децата од претоплување во автомобил

Секоја година расте бројот на деца кои добиваат топлотен удар возејќи се во претоплен автомобил или, пак, што е уште позагрижувачки, расте бројот на несреќнислучаи на светско ниво поради несвесно заборавање на децата на задното седиште во автомобилот. Еве неколку митови што ќе ви помогнат да разберете зошто е важно да ја регулирате температурата во автомобилот

Скок во вода – опасна забава

Една од активностите во кои повеќето уживаат во летниот период е скокање во вода. Но, дали знаете дека 20% од повредите на `рбетот се по- следица на скокање со глава во вода? Проф. д-р Јордан Савески, хирург трауматолог, од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ советува да не скокате во вода без да знаете какво е и што има на дното. Кога удира главата во дното, е еден вектор на сила, а тежината на телото претставува друг вектор на сила. Во судар на два вектора на сила се крши прешленот. Тој се дроби и прешленските парчиња се набиваат во `рбетниот мозок и вршат компресија или комплетно го прекинуваат `рбетниот мозок. Прешлените се изместуваат, и сето тоа води до повреда на `рбетниот мозок со невролошка парализа, која може да биде фатална по животот.