Холестеатом – најтешка форма на хроничен воспалителен процес на средното уво
Холестеатом претставува псевдотуморска формација која се создава во средното уво како последица на негово хронично воспалување.
Патоанатомски, се работи за растечка „кромидеста“ формација, сочинета од слоеви (лушпи) на одлепен повеќеслоен плочест епител, населен со бактерии. Овој епител потекнува од најповршниот слој на кожата која ги покрива надворешниот слушен канал и надворешната површина на ушното тапанче.