Болест на артериите што го хранат срцето

Коронарното срцево заболување, во многу земји во светот, вклучувајќи ја и нашата, е најчесто заболување на срцето. Се јавува како последица на недоволната васкуларизација на миокардот поради опструктивна болест на коронарните артерии. Акутниот инфаркт на миокардот, како главна појавна форма, се карактеризира со изразито висок морбидитет, инвалидитет, морталитет и со нагласена преваленција и акциденција на светско ниво. Коронарната артериска болест, како клинички ентитет мора да се разликува од патолошкиот процес кој лежи во нејзина основа, а тоа е процесот на атеросклерозата на коронарните крвни садови.

Убод од крлеж? Побарајте медицинска помош!

Подигнување на свесноста на луѓето за опасноста од оваа инфекција и сериозноста кога таа навреме не се дијагностицира и не се лекува е првиот чекор во спречување на нејзиното ширење! Секој убод од крлеж треба да се сфати сериозно и да се побара стручна лекарска помош!

Болеста е именувана по градот Лајм (Lyme) во државата Конектикат (Connecticut), каде во периодот 1975-77 год. голем број деца истовремено заболеле од оваа болест. Бактеријата која ја предизвикува болеста била откриена дури во 1981 год. од научникот Вили Бургдорфер.