Спонтан абортус – причини и превенција
Според СЗО, спонтаниот абортус се дефинира како исфрлање на ембрионот или фетусот од матката. За најчестите причини кои доведуваат до спонтан абортус и нивна превенција совет побаравме од д-р Даниела Јованова, гинеколог-акушер во Клиничка болница „Аџибадем Систина“. Според времето на појавување, спонтаниот абортус може да се подели како: ран до 12. гестациска недела и доцен помеѓу 12. и 22. гестациска недела. Доколку се случат два или повеќе едноподруго спонтани абортуси, тогаш се зборува за т.н. хабитуални спонтани абортуси.