Не го занемарувајте високиот крвен притисок
Покачениот крвен притисок е еден од неколкуте ризик-фактори во настанување и прогресирање на атеросклеротичната болест на срцето и на крвните садови. Затоа навремено поставување дијагноза на покачен крвен притисок е основно за да се почне со лекување и со тоа да се намали ризикот за појава на кардиоваскуларни болести.