Како да ги ублажите симптомите на мигрената
Мигрената е еден од најчестите видови главоболка која се препознава со интензивна пулсирачка болка, која обично е посилна од едната страна на главата. Болката е толку силна што може да ги попречи секојдневните активности и да трае и подолго, од 3-4 часа па сè до неколку дена ако не се лекува. Бројни истражувања покажуваат дека секојдневно се зголемува бројот на луѓе кои страдаат од мигренозни главоболки, па може да се каже дека над 20% од луѓето се соочиле со овој проблем. Мигренозните главоболки се далеку почести кај жените, додека кај мажите преовладува еден друг тип васкуларна главоболка позната како „кластер“ главоболка, која има слични симптоми како мигренозните болки.