Кога треба да направите снимка на забите?
Голем број болести на забите и околните ткива не би можеле да се откријат доколку пациентот навреме не направи рендгенска снимка. Сè она што не може да се види при обичен стоматолошки преглед може да се види токму со оваа постапка. Од состојбата на забите, корените, поставеноста на вилиците па сè до целокупниот состав до фацијалните коски. Ова важно дијагностичко средство може да помогне да се утврди присуството или степенот на пародонталната болест (непцата), кариес, апсцеси и многу абнормални израстоци, како што се цисти и тумори, но и да ја покаже точната локација на импактираните заби и заби кои сè уште не се целосно развиени.