Заштитете се вие и вашето семејство од труење со салмонела
Начинот на кој ја подготвувате храната, контактот со животни кои може да бидат потенцијален извор на салмонела и јадење на храна од сомнително потекло може да биде една од главните причини за труење со салмонела.
Салмонелата е бактерија која го напаѓа цревниот систем и предизвикува труење со храна. Симптомите може да бидат благи, но во одредени случаи труењето е толку опасно што може да биде и животозагрозувачко.Прочитајте ги нашите совети за тоа како да се заштитите вие и вашето семејство од труење со оваа опасна бактерија.