Непроодни јајцеводи
Јајцеводите се парни органи чија функција е да ја поврзат матката со јајчниците. Тие имаат битна улога во репродуктивниот систем кај жените бидејќи во нив се извршува оплодувањето на јајце клетката со сперматозоидот секој месец. Јајчникот ja ослободува јајце клетката, а јајцеводите ја прифаќаат и треба да ја транспортираат до матката. Во исто време сперматозоидот патува преку матката во јајцеводите каде се врши оплодувањето на јајната клетка. Оплодената јајна клетка – наречена зигот патува кон матката каде треба да се имплантира и да започне развојот на бременоста. За жал, голем број жени имаат проблем со непроодни јајцеводи, па кога тие се блокирани се спречува нормалниот транспорт на оплодената јајце клетка.