Воспаление на панкреасот
Панкреасот е орган локализиран позади желудникот, во горната третина на стомакот. Неговата функција е од клучно значење во разградувањето на храната и во регулирање на метаболизмот на шеќерот во крвта. Ова заболување може да е со релативно лесна клиничка презентација, па сè до тешки облици со животнозагрозувачки компликации. Воспалението на панкреасот може да е акутно, кое настанува нагло и може да трае со денови, и хронично, кое може да перзистира во долг временски период, а многу често претставува и дефинитивна состојба.