Бенигни и малигни тумори на мозок
Секое абнормално ткиво кое расте во внатрешноста на черепот се нарекува експанзивен процес (што се шири). Дел од овие експанзивни творби се и мозочните тумори. Можеби ќе се зачудите од фактот дека туморот на мозок не мора да значи и канцер. Застапеноста на мозочните тумори е 1-2% од сите видови тумори кај луѓето. Причината за нивното настанување сè уште не е потврдена и научно докажана. За да се разјасни природата на болеста многу е битна клиничката слика, а за да се открие за каков вид тумор се работи неопходно е да се направат одредени испитувања.