Намалете го ризикот за мозочен удар
Мозочниот удар е состојба која не може да се предвиди, но постојат начини како да го намалите ризикот од негова појава. Возраста и семејната историја на мозочни удари се она на кое не можете да влијаете а влегува во групата на ризик фактор. Со следењето на препораките од лекарите дури и во состојба кога постои медицинска причина која ве става во категоријата под ризик, можете да направите многу за вашето здравје.