Како да останете имун на сезонските настинки
Едни од најчестите причинители на настинката, риновирусите, ги има во повеќе од 150 видови, па затоа и не можеме да ги одбегнеме или да станеме имуни на нив. Во овој период најчувствителни се децата, кои во овој период настинуваат многу почесто. Според последните истражувања, најдобра превенција од сезонските настинки е миењето раце, добриот сон и позитивните мисли.