Мажите и жените се разликуваат и во срцето
Женското срце од секогаш се сметало за почувствително и поранливо за разлика од машкото срце. И всушност тоа е точно. Женското срце е помало, почувствително на промени и потешко го издржува инфарктот за разлика од машкото срце. И покрај тоа што се смета дека срцевите болести се однесуваат на мажите, половина од жените над 40 години во светот умираат како резултат на кардиоваскуларно нарушување.