Невромониторинг за безбедна операција
Невромониторинг е процедура за следење на функционалната состојба на мозокот, `рбетниот мозок и периферните нерви за време на хируршки интервенции. Д-р Милчо Демерџиев, невролог, објаснува дека целта на невромониторингот е да се следи функцијата на нервниот систем за време на хируршки интервенции за да се намалат ризиците од повреди на нервно ткиво.