Д-р Маја Каличанин: Седењето во W положба ги ослабнува моториката и мускулатурата на децата (ИНТЕРВЈУ)
Несвесно низ игра децата честопати ноџињата ги поставуваат во W положба (познато како „frog leg“, седење како жаба), а родителите веднаш реагираат и ги преместуваат во друга позиција. Што всушност се случува со телото поставено во оваа положба, дали е строго забрането седењето во W положба и како правилно да ги седнуваме децата објаснува д-р Маја Каличанин Марковска, ортопед од „Аџибадем Систина“.