Сарком – карцином на сврзното ткиво
Сарком е вид карцином кој се развива во сврзното ткиво, може да го зафати кој било дел од телото, но најчесто се развива длабоко во екстремитетите (раце, нозе). Освен екстремитетите ги зафаќа и: коските, ‘рскавицата, мускулите, тетивите, крвните садови, нервите, фиброзното ткиво околу зглобовите. Стотици илјади пациенти и нивните семејства од целиот свет се борат со ова заболување. Д-р Славица Кралева, онколог-радиотерапевт од Центарот за онкологија и радиотерапија при Клиничката болница „Аџибадем Систина”, вели дека има повеќе од 50 видови саркоми, кои главно се поделени на сарком на меките ткива и сарком на коските.