ИНТЕРВЈУ со д-р Снежана Мешковска Бонгард: Се зголемува свеста за кардиоваскуларното здравје
Кога се зборува за причината за коронарната артериска болест, најважни се ризик факторите. За ризик факторите, за превенцијата на кардиоваскуларната болест, улогата и важноста од водење здрав живот, континуираното вежбање, разговаравме со кардиологот д-р Снежана Мешкоска Бонгард од Клиничка болница „Аџибадем Систина“.
Исхрана при онколошки третман
Според најновите истражувања, неправилната исхрана е одговорна за речиси 1/3 од вкупниот број на малигни заболувања, па затоа вниманието кон овој ризик фактор се наметнува како еден од важните сегменти во третманот на пациентите со канцер
Консумирањето здрави производи пред, за време и по онколошкиот третман ќе ви помогне да се чувствувате подобро и побрзо да закрепнете. Според д-р Александра Хаџи-Димова, диетолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, канцерот е болест на хронично нарушен метаболизам, па самото внесување храна која би можела да влијае на биохемиските процеси во организмот со цел да помогне во спречувањето на канцерогените процеси, да го подигне имунитетот и да го врати метаболизмот на нормално ниво е единствено храна која е имуностимулативна и содржи нутриенси одговорни за борба со малигните клетки.
Спасете го забот со апикотомија
Што е апикотомија?
Апикотомија е мала орално-хируршка интервенција со која се отстранува врвот на коренот од забот каде се појавил патолошкиот процес. Најчесто станува збор за појава на циста или гранулом. Оваа интервенција се применува кога се направени сите ендодонски тераписки модалитети за третман на воспалителниот процес кои се локализирани во коскеното ткиво околу коренот на забот. Затоа не плашете се кога стоматологот ќе ви соопшти дека треба да направите апикотомија, имате причина за насмевка, сèуште постои можност да се спаси забот. Стоматолозите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ советуваат најпрво кај пациентот да се прави рендгенснимка со чија помош потоа ќе се планира текот на апикотомијата. Интервенцијата се изведува во локална анестезија и е безболна за пациентот.