5 Знаци кои укажуваат на проблеми со црниот дроб
Црниот дроб е најголемата лабораторија во човековиот организам, сместен во стомачната празнина под десниот ребрен лак, заштитен со мускулно-скелетни структури. Крвта доаѓа од два извора, артериска крв и крв од ,,порталниот крвоток“, преку кој крвта од цревата богата со сите добри и лоши состојки кои сме ги внеле со храната оди на обработка во црниот дроб. Исто така овој орган има и богато лимфно снабдување.