Зошто треба да возите велосипед?

Пролетта е идеално време повторно да се вратите на старата навика и да возите велосипед. Овој совршен начин на рекреација одлично се справува со вишокот килограми, но ги затегнува и обликува мускулите. Рекреативното возење е одлично и за стекнување кондиција, намалување на ризиците од појава на висок крвен притисок, ја зајакнува издржливоста на организмот и имунитетот, го намалува стресот. Жената која има 60 килограми телесна тежина ќе потроши 480 калории доколку вози со просечна брзина од 20 до 25 километри на час 60 минути. Колку возењето е побрзо и поинтензивно, толку повеќе калории се трошат. Но, стручните лица не препорачуваат претерување со оваа активност. Истражувањата покажале дека луѓето кои возеле по 10 километри, двапати неделно, согоруваат и до пола килограм масни наслаги месечно.