Решение за неплодноста кај партнерот
Иако многумина сѐ уште сметаат дека плодноста е „женски проблем“, дури една третина од сите случаи на неплодност се однесуваат на машката популација. Првиот чекор кој треба да го преземе вашиот партнер е да посети уролог. Тестикуларна екстракција на сперматозоиди (micro tese) претставува хируршка процедура која се користи за пронаоѓање сперматозоиди кај пациенти кои немаат сперматозоиди во ејакулатот (азоспермија). Д-р Александар Мицковски, уролог хирург во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, објаснува дека оваа метода се изведува со отстранување на мал дел од ткивото на тестисот од каде што се добиваат сперматозоидите, додека пациентот е под анестезија.