Д-р Слободан Лазаревски – Сѐ повеќе жени под 30 години треба да замрзнат јајце-клетки

Уште со првите гинеколошки прегледи кај младите девојки треба да се прави и функционална проценка на резервите на јајниците, препорачува доктор Слободан Лазаревски, шеф на Одделот за асистирана репродукција „Мала Богородица“ во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, најуспешниот центар за ин­ витро во регионот. Неколку илјади нови бебиња создаде тимот доктори од Одделот за асистирана репродукција „Мала Богородица“ при клиничката болница „Аџибадем Систина“. Тие донесоа среќа во семејства низ целиот свет, на родители кои успеале уште од прв обид за ин­ витро, но и кај такви чија упорност ги терала одново и одново да се обидуваат додека не добијат бебе. Статистиката на Одделот за ин витро фертилизација (ИВФ) повеќе од една деценија е еднаква со светскиот просек ­ – над од 12.000 циклуси, 4.500 живородени деца и клиничка бременост над 55 отсто.