Алергиски ринит – хронично воспаление на носната лигавица
Алергиските болести се во постојан пораст, особено во високоразвиените земји. Се смета дека секој втор жител на Европа има некоја алергиска манифестација, а најчесто (15 – 30% од случаите) тоа е алергиски ринит. Д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог во Клиничката болница „Аџибадем Систина” објаснува дека алергискиот ринит е хронично воспаление на носната лигавица, кое се манифестира со симптоми слични на настинка како назална секреција. Назална конгестија, кивање и чувство на тежина во синусите. Ваквите симптоми се предизвикани од алергиска реакција на алергени како полените, домашниот прав, животинските влакна и сл. Кај дел од пациентите симптомите се присутни во тек на целата година, додека кај други состојбата се влошува во одредени периоди од годината (пролет, есен).